• Саше Љолес
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се соочуваат со германскиот гигант Кил во 12. коло од групата А во Лигата на шампионите и ќе се обидат да му се спротивстават на фаворитот исто како во Битола, кога бундеслигашот извојува тесен триумф во салата „Боро Чурлевски“.
Актуелниот шампион на Македонија отпатува за Германија, а во составот ќе ги нема голманот Калифа Гедбан и Русинот Денис Василев, но ќе дебитира полскиот џин Матеуш Пиеховски, кој неодамна го засили таборот на „зелено-белите“.
Тренерот Бранислав Ангеловски беше отпимистички расположен во пресрет на мечот и најави голема борба против четирикратниот европски шампион, а навивачите се надеваат дека битолчани можат да дојдат до евентуална сензација и позитивен резултат кој би резултирал со првиот освоен бод во елитното натпреварување.