• Горан Упале
Младите момци на Кирил Лазаров вечерва ќе го имаат најголемиот предизвик во своите кариера и ќе го одиграат „првото полувреме“ од финалната пресметка со АЕК во рамки од Европскиот Куп на ЕХФ.
Алкалоид вечерва гостува во Атина, а веќе се познати и составите на двете екипи. Лазаров се реши да не прави промени во однос на последните меѓународни натпревари и со ист рецепт ќе го нападне грчкиот тим. Надвор од конкуренција повторно е Ѓоргиев, а во составот се најде Симоновски.
- Составите за натпреварот АЕК – Алкалоид:
Натпреварот во Атина започнува од 18:00 часот, а реваншот во Скопје е закажан за по седум дена.