• Мартин Танасковски

Машката репрезентација на Македонија денеска ги стартува квалификациите за настапот на ЕП 2028 против Луксембург.
Кирил Лазаров го избра тимот за овој натпревар. Од претходно повиканите 18 ракометари, отпаднаа голманот Васил Гогов и средниот бек Филип Николов, а шанса за настап ќе добие новиот наш репрезентативец Дмитро Горига.
Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.






