Познати составите: Еурофарм Пелистер без Тајник на мегдан со данскиот гигант

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува последниот домашен натпревар од Лигата на шампионите, против Дански Алборг. Средбата во „Боро Чурлевски“ се очекува да се одигра пред полни трибини, а македонскиот првак сè уште е во потрата по првите бодови во групата. 

За натпреварот против данскиот гигант тренерот Бранислав Ангеловски не можеше да смета на словенечкиот бек Домен Тајник поради болест. Покрај тоа, од составот изостанаа Калифа Гедбан, Цветан Кузманоски и Павле Атанасијевиќ. Од друга страна, во таборот на Алборг тренерот Мадсен го нема на располагање само Антонсон.

  • Состави за натпреварот:

Пелистерци убедливо загубија од Алборг во првиот натпревар во Данска. Сега во терминот од 20:45 часот ќе се обидат на последниот домашен меч да покажат нешто повеќе.