• Зоран Мишевски
Утрешниот ден е еден од најбитните летово во европскиот клупски ракомет. Во Виена ќе бидат извлечени групите за машката и женската Лига на шампиони, а Европската ракометна федерација веќе ги одреди шеширите пред ждрепките.
Кај дамите во улога на носители се јавуваат четири екипи, меѓу кои е и европскиот првак. Унгарија и Данска со по три претставници се најзастапени нации во сезоната која почнува во септември.
Шешири пред ждрепката во Лигата на шампионите (ж):
Шешир 1:
Ѓер, Мец, Оденсе, Сторхамар, ЦСМ Букурешт, Лусвигсбург
Шешир 2:
Ференцварош, Есбјерг, Борусија Дортмунд, Брест Бретањ, Глорија Бистрица
Шешир 3:
Крим, Подравка, Будуќност
Шешир 4:
Дебрецин, Икаст
Унгарски Ѓер е бранител на титулата, освоена на почетокот од јуни годинава на завршниот турнир во Будимпешта.
ФОТО/PHOTO: EHF Champions league





