Познати СЕХА-групите: Вардар со Мотор, Еурофарм против Веспрем и Загреб

Менаџментот на СЕХА лигата денес ги потврди сите 12 учесници во натпреварувањето во сезоната 2019/20. Првпат регионалната лига ќе биде поделена во две групи, а Македонија ќе ја претставуваат Вардар и Еурофарм.

По две години се враќа Веспрем, Унгарија првпат ќе има два претставници, бидејќи се приклучи и Татабања, а дебитанти покрај Еурофарм Работник се уште и Кинезите од Пекинг и украинскиот првак Мотор Запорожје.

Група А:
Вардар
Нексе Нашице
Татран Прешов
Војводина
Татабања
Мотор Запорожје

Група Б:
Еурофарм Работник
ППД Загреб
Мешков Брест
Веспрем
Металопластика
Пекинг Спорт

Новата сезона почнува на 3 и 4 септември, а СЕХА лигата наскоро ќе го објави и календарот на групата фаза.