• Иван Димовски
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на клубовите кои добија надградба и ќе учествуваат во следната сезона од Лигата на шампиони за жени (2025/26). Вкупно десет екипи побараа „вајлд карта“, а седум од нив добија зелено светло од страна на комисијата за проценка.
„Вајлд-карта“ добија екипите: Подравка Вегета (Хрватска), Икаст (Данска), Борусија Дортмунд (Германија), Дебрецен (Унгарија), Ференцварош (Унгарија), Глорија Бистрица (Романија), Брест Бретањ (Франција).
Овие седум екипи ќе им се приклучат на деветте клубови кои веќе имаа обезбедено директно место во групната фаза: Одензе, Есбјерг, Мец, Лудвигсбург, Ѓер, Будуќност, Сторхамар, ЧСМ Букурешт и Крим Меркатор. Од друга страна, ЕХФ ги одби барањата за надградба на Сола ХК, Тертнес Берген (двата од Норвешка) и Минаур Баја Маре (Романија).
Ждрепката за групната фаза на новата сезона во Лигата на шампиони за жени ќе се одржи на 27 јуни од 15:00 часот.).





