Познати седум учесници на Супер глоуб, недостига само домаќинот

Недостига само претставникот на домашната Саудиска Арабија за да биде комплетирана осумката на тимови кои ќе учествуваат на ИХФ Супер глоуб турнирот кој оваа година ќе се одржаи во Дамам во Саудиска Арабија. 

Барселона како бранител на титулата, Вардар како европски првак, Замалек како претставник на Африка, Ал-Духаил кој е шампион на Азија, Таубате од Бразил и претставниците на САД и Австралија, Њујорк Сити и Сиднеј Универзити се преостанатите учесници на турнирот.

Во пресрет на ждрепката извесно е дека Барселона и Вардар ќе се приклучат во полуфиналето. Каталонците се најтрофејна екипа на ИХФ Супер глоуб и само еднаш се сретнале со Вардар, во полуфиналето пред две години, кога победата ја однесе шпанскиот гигант. 

Од 26 август до 1 септември турнирот првпат се сели од Катар во Саудиска Арабија, а финансиските награди нема да се менуваат и ќе останат високи како и минатите години.