Познати се можните ривали на Бутел во првото коло од ЕХФ Купот

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел Скопје доби „вајлд-карта“ за учество во ЕХФ Европскиот Куп. Поради историскиот трофеј на Алкалоид токму во ова натпреварување во минатата сезона Македонија доби уште едно место во натпреварувањата на ЕХФ, а Бутел Скопје го искористи тоа и Европскиот Куп ќе го започне од првото коло.

Можни ривали на македонскиот тим се: Бејкоз (Турција), Строволос (Кипар), Мистра (Естонија), Беса (Косово), Дуделанж (Луксембург), Гранитас Каунас (Литванија), ПАОК (Грција), Вогошча (Босна и Херцеговина) и Сасари (Италија).

Ждрепката ќе се одржи на 15 јули. Натпреварите од воведната рунда од ова натпреварување се играат на 6/7 септември и 13/14 септември