Познати се групите за 54. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга

Традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга оваа година ќе се одржи помеѓу 12 и 15 август, а организаторите ги соопштија и групите во кои ќе бидат распределени сите екипи-учесници. 

Престижниот турнир крај езерото секогаш привлекува огромно внимание во домашната и регионалната јавност, па затоа истото се очекува и оваа година. 

Овој пат во Струга ќе допатува само една екипа од странство - Дубочица од Лесковац, која ќе настапи во групата А, заедно со клубот-домаќин и со екипата на ГРК Охрид

Во групата Б силите ќе ги одмерат екипите на Прилеп, Вардар 1961 и Бутел Скопје. Според имињата, барем на хартија, вардарци се фаворити за освојување на турнирот, но тука се и останатите екипи, кои сигурно имаат желба за успешно претставување. 

Актуелен освојувач на трофејот е ГРК Охрид, кој сезонава испиша историја со триумфот во Еврокупот на ЕХФ и стигна до првата меѓународна титула во своето постоење.