• Иван Димовски
Младинците на Еурофарм Пелистер се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампионите, откако го победија домаќинот и организатор на последниот квалификациски турнир Динамо Букурешт (36-37). Битолчани со две победи над Киелце и Динамо стигнаа меѓу четирите најдобри млади тимови во Европа.
На „фајнал-фор“ турнирот кој ќе се одржи во Келн момчињата на Фарук Мемиќ и Кире Митревски ќе играат против европските гиганти Барселона, Веспрем и ГОГ Гудме. Противникот во полуфиналето ќе го одреди ждрепка која ќе ја одржи Европската ракометна федерација.
- Полуфиналисти во младинската Лига на шампиони:
Еурофарм Пелистер (Македонија)
Барселона (Шпанија)
Веспрем (Унгарија)
ГОГ Гудме (Данска)
Завршниот турнир во Лигата на шампините за млади ракометари ќе се одигра во „Ланксес Арената“ во Келн на 14 и 15 јуни.




