• Иван Димовски
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди паровите за завршниот турнир во Европската лига. Извлекувањето се одржа во градот домаќин на претстојниот „фајнал-фор“, Хамбург, а дел од ждрепката беа дури три германски клубови.
Среќата посака дербито да се игра меѓу Рајн Некар Левен и Фуксе Берлин, додека вториот пар го сочинуваат Флензбург и Динамо Букурешт.
- Полуфинални парови во ЕЛ:
Полуфинале 1: Флензбург - Динамо Букурешт
Полуфинале 2: Рајн Некар Левен - Фуксе Берлин.
Ланскиот трофеј ќе го брани екипата на Фуксе, меѓутоа ќе има пеколно тешка задача уште во полуфиналето. Рајн Некар Левен кој во квалификациите за Европската лига го исфрли Вардар има сериозни амбиции на завршниот турнир.
Инаку, „фајнал-фор“ турнирот ќе се одржи во Хамбург во „Барклајс Арената“ на 25 и 26 мај.