Познати официјалните состави, Кил со големи проблеми на дуел со Вардар

Екипата на Вардар 1961 ќе го дочека Кил во рамките на шестото коло во Лигата на шампионите. На неколку часа пред натпреварот, веќе се познати и официјалните состави на двете екипи. 

Веселин Вујовиќ немаше проблем со тимот. На располагање се сите играчи и со стандарден тим ќе се нападне Кил. Во тимот е и Анте Кудуз, кој веќе настапува по повредата која ја надмина. 

Германците доаѓаат со доста проблеми во Скопје. Филип Јиха за денешниот дуел нема да може да смета на најдобриот играч Сандер Сагосен, а во тимот ќе ги нема ниту Стефан Вајнхолд, како и искусниот Патрик Винчек. 

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра денес со почеток од 20:45 часот, а правдата ќе ја делат швајцарскиот судиски пар Артур Брунер и Морад Салах.