• Зоран Мишевски
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа одредени домаќините на четирите групи од Купот на Македонија во ракомет. Алкалоид, Охрид, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер ја добија организацијата на групите.
Она што паѓа во очи се двете групи во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде и покрај потенцијален дуел со Еурофарм Пелистер 2, вардарци ги очекува жешка атмосфера.
Четвртфинални групи од Купот на Македонија:
Група 1 - организатор Алкалоид (спортска сала „Автокоманда“ - Скопје)
Алкалоид Ракомет - Мулти Есенс
Партизан 2016 - Пролет 62
Група 2 - организатор Еурофарм Пелистер (спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола)
Еурофарм Пелистер - Куманово
Радовиш - Струга
Група 3 - организатор Еурофарм Пелистер 2 (спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола)
Вардар 1961 - Бутел Скопје
Фруит Ленд Борец - Еурофарм Пелистер 2
Група 4 - организатор Охрид (спортска сала „Билјанини извори“ - Охрид)
Прилеп - ГРК Охрид
Тиквеш - Аеродром
Во групната фаза ќе се одиграат две полуфиналиња, а потоа преку финалето ќе се одреди патникот на завршниот турнир. Натпреварите од четвртфиналето на Купот на Македонија ќе се одиграат на 26 и 27 април.