• Зоран Мишевски

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави домаќинствата на Европските првенства во 2030 и 2032 година. Данска, Полска и Чешка ќе бидат домаќини на Европското првенство за мажи во 2030 година, а Франција и Германија ќе го организираат шампионатот две години подоцна.
Франција ќе биде домаќин на две групи во прелиминарната рунда, како и на репрезентативната група на Франција во текот на главната рунда. Полуфиналните и финалните натпревари ќе се играат исклучиво во Германија. Тоа натпреварување ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари на четири локации во Германија и две во Франција.
Не е објавено кој ќе биде домаќин на Европското првенство за жени во 2030 година.