Познати четвртфиналните парови и патот до финалето на ракометното СП

Светското ракометно првенство дојде до крајот на главната групна фаза. Осумте најдобри селекции си обезбедија места во четвртфиналето и првите плеј-оф дуели во Шведска и Полска. Со последните два натпревари, се распределија и местата на табелите во главната рунда, а со тоа се комплетира и костурот до финалето. 

Веројатно најголемо дерби ќе биде дуелот на Норвешка и Шпанија, а ништо помалку атрактивна нема да е ниту пресметката на Франција и Германија. Покрај нив, Шведска оди на мегдан со Египет, а Данците ќе се судрат со Унгарија. 

  • Четвртфинални парови на Светското првенство: 

Паровите се споени според тоа како вкрстуваат во полуфиналето: 

Франција - Германија 
Шведска - Египет

Норвешка - Шпанија
Данска - Унгарија

Сите четвртфинални се закажани за в среда. Два дуели се играат во „Ерго Арена“ во Гдањск, додека два се закажани за во „Теле2 Арената“ во Стокхолм.