Позната саатницата за осминафиналето: Македонија во вечерен термин ќе брка четвртфинале

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја објави саатницата на осминафиналните натпревари на Светското кадетско првенство во Скопје. Македонија за пласман во четвртфиналето ќе се бори против Португалија, а натпреварот ќе се игра в среда на 14 август во 20:45 часот во СЦ „Борис Трајковски.

Распоред и сатница на натпреварите:
Осминафинале:
14 август, 14:00 часот:  АргентинаГерманија (Борис Трајковски)
14 август, 14:00 часот:  ЕгипетСловенија (Јане Сандански)
14 август, 16:15 часот:  ИсландЈапонија (Борис Трајковски)
14 август, 16:15 часот:  ХрватскаУнгарија (Јане Сандански)
14 август, 18:30 часот:  ДанскаТунис (Борис Трајковски)
14 август, 18:30 часот:  ФранцијаНорвешка (Јане Сандански)
14 август, 20:45 часот:  Португалија – Македонија (Борис Трајковски)
14 август, 20:45 часот:  ШпанијаШведска (Јане Сандански)

Президент Куп:
Натпревари за пласман од 21-то до 24-то место:
14 август, 09:30 часот:  Нигерија – Бразил (Борис Трајковски)
14 август, 09:30 часот:  ЧилеКанада (Јане Сандански)

Натпревари за пласман од 17-то до 20-то место:
14 август, 11:45 часот:  БахреинСрбија (Борис Трајковски)
14 август, 11:45 часот:  Саудиска АрабијаТајван (Јане Сандански)