Познат „возниот ред“: Македонија отвора против светскиот вицешампион

Нашите најдобри ракометари ќе играат со Франција, Германија и Швајцарија во групата А на Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија. Берлин ќе биде наш дом во првата фаза на шампионатот, а календарот не може да биде покомплициран.

Македонија ќе отвори со Франција, а ќе заврши со дуел со Швајцарија. Првиот натпревар ќе го игра на стадион во Дизелдорф, а останатите две во Берлин. 

Распоред на натпревари во групата А:
10 јануари - Македонија – Франција
14 јануари - Македонија – Германија
16 јануари - Македонија – Швајцарија

Македонија има позитивен скор со Швајцарија, еднаш ремизираше против Германија, а ниту еднаш не успеала да откине бод против Франција. 

Eвропското првенство во Германија ќе се одржи следната година од 10 до 28 јануари.