• Саше Љолес

Новиот македонски ракометен шампион, Вардар 1961, и освојувачот на трофејот во Купот на Македонија, ГРК Охрид, ќе се сретнат во рамки на Суперкупот, кој ќе биде меч за прва титула пред почетокот на новата суперлигашка сезона.
Двете екипи ја очекуваат новата кампања со огромни амбиции - вардарци стартуваат како прваци и го очекуваат „кам-бекот“ во Лигата на шампионите, додека охриѓани се актуелни освојувачи на Еврокупот на ЕХФ и најавуваат атак на домашните трофеи.
Засега е познато само дека натпреварот од Суперкупот ќе се одигра на трети септември, а локацијата и точниот термин ќе бидат соопштени дополнително. Публиката сигурно ќе има прилика да присуствува на нов спектакуларен ракометен дуел на домашната сцена.

