Познат терминот кога „вечните“ ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона

Овогодинешното издание на македонскиот ракометен Суперкуп повторно ќе ги соочи двата најголеми ривали во домашната Суперлига, Вардар 1961 и шампионот Еурофарм Пелистер

Победникот во Купот на Македонија ќе се обиде да го совлада вечниот противник од Битола, со надеж за „одмазда“ за болниот пораз во последното коло на Суперлигата. 

Се игра само еден натпревар, што значи дека можни се сите сценарија. Терминот и градот на одигрување на финалниот натпревар ќе биде соопштен дополнително, а засега е само познато дека датумот е трети септември. 

Три дена подоцна стартува Суперлигата, а една недела по Суперкупот битолчани ќе дебитираат во Лигата на шампионите против Загреб.