Познат терминот кога Лазаров повторно ќе заигра во Барселона

Македонскиот голгетер Кирил Лазаров ги брани боите на Нант и ќе ја предизвика својата поранешна екипа Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

По трансферот во Франција пред две години, 38-годишниот десен бек првпат ќе заигра пред каталонската публика, која го бодреше четири сезони. 

Европската ракометна федерациј (ЕХФ) ги откри термините на четвртфиналните дуели. Првиот меч ќе биде одиграn на 24 април во „Палаи де Спортс Биле“ во 20:45 часот. Реваншот, пак, кој ќе биде емотивен за нашиот репрезентативен капитен, е закажан за 4 мај во „Палау Блауграна“ со почеток од 19:30 часот.

Француската екипа ќе се обиде да го повтори минатогодишниот успех кога се пласира на завршниот турнир во Келн. Искуството сепак имаше трагичен крај, со оглед на поразот во големото финале од шампинската екипа на Монпелје.

Единствените меѓусебни дуели меѓу Барса и Нант се одиграа минатата сезона, кога во групната фаза секоја екипа запиша по една победа пред своите гледачи.