Познат составот за Медитеранските Игри, Симовски одбра 16 ракометарки

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го дефинира списокот од 16 ракометарки, што ќе бидат дел од нашата селекција на Медитеранските Игри во шпанскиот град Тарагона. 

Станува збор за спој на неколку искусни сениорски репрезентативки и повеќе младински, кои треба да го носат товарот во иднина. Дел од нив веќе беа активни и во квалификациите за Европското првенство, дел сега се придружуваат.

Подготовките за овој настан ќе се одвиваат во Охрид од 15 јуни, каде што репрезентативките ќе бидат една седмица пред заминувањето за Шпанија. Противници на Македонија на МИ ќе бидат Турција, Србија, Црна Гора и Египет.

Список на повикани ракометарки: 

Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Јована Мицевска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Тасевска, Теодора Керамичиева, Александра Боризовска, Душица Ѓоргиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓорѓиевска, Милица Николиќ, Дајана Јовановска, Ивана Гакидова, Марија Николиќ.