• Иван Димовски

Европската ракометна куќа ги одреди паровите во осминафиналната фаза на женската Лига на шампиони. Четирите најдобропласирани екипи од првиот дел на сезоната одат директно во четвртфинале, а тоа се Ѓер, Оденсе, Мец и Есбјерг.
Останатите осум беа дел од жрдепката и одредени се паровите во првата нокаут рунда.
- Осминафинални парови во женската Лига на шампиони:
Дебрецин - Вајперс (вкрстува со Ѓер)
Битигхајм - Икаст (вкрстува со Оденсе)
Крим - ЧСМ Букурешт (вкрстува со Мец)
Ференцварош - Брест Бретањ (вкрстува со Есбјерг)
Осминафиналните натпревари се играат на 16/17 и 23/24 март.
Ланскиот трофеј ќе го брани екипата на Вајперс која во групите покажа турбулентни настапи.
