Познат машкиот Куп-Ф4: Пелистерци и три скопски екипи за титулата

Ако минатата сезона две скопски и две битолски екипи во Кавадарци се бореа за трофејот од Купот на Македонија во ракомет во машка конкуренција, сезонава е малку поинаку. Имено, три екипи од главниот град и битолски Еурофарм Пелистер ќе водат голема битка за трофејот. 

Сите четири екипи го ја имаа организацијата на четвртфиналните групи обезбедија место на Ф4. Алкалоид најмногу се намачи да го елиминира Бутел Скопје, а Пролет, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер доминираа над своите противници.

Завршниот турнир на Купот на Македонија ќе се одржи на 13 и 14 мај, а Ракометната федерација на Македонија дополнително ќе одреди каде ќе се играат полуфиналните и финалните натпревари.

Во последните неколку години Куп-турнирите се одиграа во Куманово, Автокоманда, Кавадарци...