Повреда во незгоден момент, Миркуловски надвор од стројот на Вецлар

Искусниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски одреден период ќе биде надвор од стројот на својот Вецлар, денес потврди германскиот тим на клупската веб страница.

38-годишниот среден бек се здобил со незгодна повреда на дуелот против Лајпциг. Уште на самиот старт, Миркуловски се пожалил на болки во глуждот и не беше во можност да го продолжи натпреварот.

Од редовите на Вецлар информираат дека дополнителните прегледи покажале оштетување на на лигаментите, но засега не е познато колкав период ќе отсуствува од терените.

Миркуловски по назначувањето на Кирил Лазаров за селектор на Македонија, се врати во репрезентативниот дрес, а покрај што помага на терен, тој е и дел од стручниот штаб на нашата ракометна легенда.