Потврди и Кил: Сагосен од 2020 година се сели во Бундеслигата 

Денес стигна потврдата на шпекулацијата која еден месец се вртеше низ ракометната јавност – еден од најдобрите светски ракометари, Сандер Сагосен го напушта ПСЖ и се сели во германски Кил

Сепак, норвешката ѕвезда до крај ќе го испочитува договорот со „светците“ и во редовите на бундеслигашот ќе се пресели во јуни 2020 година, како слободен ракометар. 

Наводно, Сагосен на маса имал и нов договор од страна на францускиот шампион, но истиот го одбил, бидејќи бил решен својата кариера да ја продолжи во најквалитетната ракометна лига на светот. 

Ова е нов голем удар за ПСЖ и Раул Гонзалез, откако од идната сезона ќе бидат и без Уве Генсхајмер, кој се сели во Рајн Некар Левен.