Потврден супер-тимот: Колштад се пофали со шест ѕвездени засилувања

Колштад

Екипата на Колштад од наредната сезона ќе започне со реализација на амбициозниот проект во најава.

Денес норвешката екипа се пофали со шесте ѕвездени засилувања. Меѓу нив најзвучно е она на Сандер Сагосен од екипата на Кил, кој ќе пристигне во тимот во 2023 година.

Шесте засилувања на Колштад:

  • Сандер Сагосен
  • Магнус Гулеруд
  • Магнус Род
  • Торбјорн Бергеруд
  • Јанус Смарасон
  • Сигвалди Гудјонсон

Колштад се надева дека ќе се претвори во европска ракометна сила, која ќе атакува на титулата во Лигата на шампионите.