Потпиша за Вардар, па доби повик да дебитира за Словенија

Младиот словенечки интернационалец Грегор Оцвирк, кој на почетокот на оваа сезона се пресели од Целје Пивоварна Лашко во Вардар, доби повик од селекторот Веселин Вујовиќ и ќе дебитира за сениорската репрезентација на Словенија.

Оцвирк имаше одлични настапи на младинското Европско првенство ова лето, но во Целје не добиваше голема минутажа, па се реши за трансфер во македонскиот шампион. Доби шанса на дуелите од СЕХА лигата и одлични ја користи.

Покрај деби повикот на Оцвирк, Вујовиќ ги врати во националниот тим и десното крило на ПИК Сегед, Марио Шоштариќ, како и Деан Бомбач, кој по трансферот од Киелце во унгарскиот шампион се враќа во старата добра форма.

Словенија која нема да игра на Мундијалот во Германија и Данска, во првите два меча од квалификациите за Европското првенство, ќе игра против Латвија на домашен терен и против Естонија на гостински терен во Талина, додека во групата се наоѓа и Холандија.