ФОТО: Потег за почит – фановите на ПИК Сегед им оддадоа почит на загинатите во Бугарија!

Ракометарите на Вардар 1961 го дочекуваат ПИК Сегед во натпревар од осмото коло на Лигата на шампионите на ЕХФ. Поради тридневната жалост во Македонија поради страшната несреќа на автобусот во Бугарија со 44 жртви, дуелот во СЦ „Јане Сандански“ започна со минута молк. 

Сепак, потег за секој почит покажаа малкубројните навивачи на гостинскиот тим. Имено, дваесетината фанови од Сегедин, во пресрет на натпреварот изнесоа парола со натпис: „Сочувство до семејствата на загинатите! Нека почиваат во мир!“. 

Овој потег на гостинските фанови беше проследен со громогласен аплауз од домашната публика во салата.