• Горан Упале

По поразот од Бутел Скопје во претходното коло, ракометарите на Тиквеш против Еурофарм Пелистер 2 ќе се обиде да им се врати на победите во плеј-офот од домашниот шампионат.
Здравко Постолов вели дека пред нив и исклучително важен натпревар за кого се максимално подготвени да стигнат до посакуваните бодови.
,,Нè очекува еден квалитетен и важен натпревар во сабота со екипата на РК Еурофарм Пелистер 2, подготвени сме за докажување и победа, атмосферата е одлична во нашата екипа и заедно со нашите „Лозари“ и целата публика ќе направиме сè за бодовите останат во Кавадарци“, вели Постолов.
Средбата меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 е закажана за в сабота, со почеток од 19:00 часот. По четири кола Тиквеш има две победи, едно реми и една победа, додека битолчани трипати беа поразени и имаат една победа.