Постои интерес од двете страни: Мојсоски останува во Бутел уште една сезона

Еден од ракометарите со најголем стаж во Суперлигата, Златко Мојсоски, многу веројатно и следната сезона ќе биде дел од најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија. 

Искусното десно крило по неколкуте сезони минати во редовите на Еурофарм Работник, пред две лета се врати во Скопје и го засили тимот на Бутел, кој тогаш како новајлија тргна со големи амбиции во Суперлигата. 

Поранешниот репрезентативец на Македонија беше еден од клучните алки во овој проект на бутелци, па како награда за тоа ќе добие нова понуда од раководството и за продолжување на соработката со клубот. 

Иако кризата со пандемијата сигурно ќе удри и во македонскиот ракомет, Бутел прави напори тоа да се го почувствуваат ракометарите и стручниот штаб, и наскоро се очекува да отвори преговори со моменталниот ростер за нови договори.