Последниот тренинг ќе реши дилема – кој ќе игра за Вардар со Киелце?

По тешките порази од Веспрем и Кил, европскиот ракометен шампион Вардар брзо им се врати на победничките патеки и успесите над Мешков Брест и Војводина донесоа позитивни вибрации и одлична атмосфера пред клучниот дуел во Лигата на шампионите против Киелце

Но, новиот предводник на „црвено-црните“, Едуард Кокшаров се соочува со други проблеми, а тоа се бројните повреди во екипата, па така за дуелот во Скопје под знак прашалник има четворица ракометари. 

Кристопанс, Горпишин, Атман и Горбок се под посебен третман, медицинскиот тим на Вардар напорно работи за да ги оспособи за игра, но конечната одлука ќе се донесе утре по последниот тренинг на тимот. 

По шест одиграни кола македонскиот тим со осум бода е на втората позиција на табелата во групата Б, три помалку од лидерот Кил, а еден повеќе од Киелце и Монпелје. Дуелот против Киелце, европскиот првак го игра в сабота со почеток од 17:30 часот.  

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 7 5 1 1 219:189 30 11
2 МонпелјеМонпелје 2 7 4 1 2 189:184 5 9
3 ВардарВардар 1 7 4 1 2 210:217 -7 9
4 ВеспремВеспрем 1 7 4 0 3 236:210 26 8
5 КиелцеКиелце 2 7 3 2 2 213:206 7 8
6 ПортоПорто 7 3 2 2 201:210 -9 8
7 Мешков БрестМешков Брест 7 1 0 6 194:220 -26 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 7 0 1 6 202:228 -26 1