ВИДЕО: Последниот напад пропадна, битолчани славеа – а потоа настана хаос во Богданци!

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 слави голем бод на гостувањето кај Младост во Богданци (30-30). Младите пелистерци речиси во целиот натпревар бркаа негатива, но одличниот финиш им донесе реми кое за домашниот тим е дури трето сезонава.

Младост имаше напад за победа, но откако не го искористија поради техничка грешка, следуваше големо радост на битолчани. Се чини дека Реваз Чантурија, еден до помошниците на Бранислав Ангеловски, претера со славјето, а таквата реакција не му се допадна на домашниот кружен напаѓач Владимир Бојаниќ, па следуваше голема мешаница. 

За среќа сè заврши само со неколку турканици и вербални преписки помеѓу корпулентниот пивотмен и помошник тренерот на битолчани.