• Иван Димовски
Ракометарите на ПСЖ го одбранија трофејот во француската Старлига, откако славеа со 39-36 против Екс Прованс со 39-36 (21-19). Овој натпревар во „Акор Арената“ се одигра пред полни трибини, а беше последен во клупската кариера за Никола Карабатиќ.
Човекот кој во кариерата освои сè што можеше да се освои заминува во пензија, бидејќи ќе настапи уште на Олимписките игри со Франција. На последниот танц во Париз, тој и соиграчите го кренаа трофејот за шампион, а тоа за него беше неверојатен шеснаесетти во првенството на Франција. Карабатиќ веројатно заминува во пензија како еден од најдобрите на сите времиња, рекордер во многу параметри на ракометната игра.
Навивачите му посветија цела кореографија со неговиот лик, беше испратен со овации и аплаузи, а на крајот и „летна“ на рацете на соиграчите. Карабатиќ успеа да даде еден гол за ПСЖ, но имаше и промашен пенал во финишот.
The champion of the champions!
The GOAT, @NKARABATIC, ends his club career in a sold-out Accor Arena by winning the 16th French league title
With the domestic title tonight the handball has won 22 domestic championship titles in his 23 pro seasons. Unreal!
16/17 in… pic.twitter.com/8GzOYbpFnh
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) May 31, 2024
Инаку, на испраќањето во Берси присуствуваа бројни спортски ѕвезди, а веројатно најголема од нив беше светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ.