СП: Португалија ја шокира Германија, лесни победи на другите фаворити

Покрај триумфот на Аргентина над Македонија, Светското првенство (СП) за кадети кое се одржува во нашата земја донесе уште едно изненадување во првото коло, откако Португалија во рамки на групната фаза ја совлада Германија (26-33).

Португалците водеа цел натпревар и заслужено му се радуваа на триумфот над фаворитот на хартија. Уште еднаш се покажа, дека кога играат младинци, јуниори или кадети, нема простор за фаворити.

Најдобар кај Португалците беше Мартим Коста со десет гола, додека Салвадор даде осум погодока, а кај Германците, не помогна перфектната партија на Тобелер, кој даде седум гола од седум обида.

На останатите натпревари, во рамки на групата А, победи извојуваа Шпанија, Хрватска и Словенија.

  • ГРУПА А:

Шпанија - Саудиска Арабија 36-21
Хрватска - Норвешка 32-22
Словенија - Чиле 35-30

Табела: Шпанија 2, Хрватска 2, Словенија 2, Чиле 0, Норвешка 0, Саудиска Арабија 0

Во рамки на групата Б, лесни бодови прокнижија Франција, Унгарија и Египет.

  • ГРУПА Б: 

Франција - Канада 44-16
Унгарија - Кинески Тајпеј 38-20
Шведска - Египет 29-32

Табела: Франција 2, Унгарија 2, Египет 2, Шведска 0, Кинески Тајпеј 0, Канада 0

Во групата Ц, покрај Аргентина над Македонија, славеа уште Данска и Бахреин.

  • ГРУПА Ц:

Македонија - Аргентина 20-23
Данска - Јапонија 30-23
Бахреин - Нигерија 36-28

Табела: Бахреин 2, Данска 2, Аргентина 2, Македонија 0, Јапонија 0, Нигерија 0

Во групата Д, Португалија ја изненади Германија, Србија беше подобра од Бразил, а полн плен освои и Исланд.

  • ГРУПА Д: 

Германија - Португалија 26-33
Србија - Бразил 30-24
Исланд - Тунис 25-20

Табела: Португалија 2, Србија 2, Исланд 2, Тунис 0, Бразил 0, Германија 0

Во текот на утрешниот ден (среда), ќе се одигра второто коло во групите Б и Д, додека ден подоцна се закажани мечевите од втората рунда во групите А и Ц.