Португалија е ривалот на кадетите во осминафиналето на СП

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија го доби ривалот во осминафиналето на Светското првенство (СП) кое го играме на домашно тло.

Противник на „црвено-жолтите“ во првиот филтер од нокаут-фазата ќе биде Поргугалија. Можност постоеше националниот тим да игра со Исланд или Германија, но по поразот од Јапонија, јасно е дека вкрстуваме со пиринејската селекција која игра одличен турнир.

Португалците завршија како лидери во групата со пет победи на пет натпревари. Славеа над Германија, Исланд, Тунис, Србија и Бразил.

Осминафиналињата стартуваат на 14 август. Саатницата дополнително ќе биде утврдена.

Подобриот од дуелот меѓу Македонија и Португалија ќе вкрсти во четвртфиналето со Франција или Норвешка.