• Мартин Танасковски
Десното крило на Вардар, португалскиот интернационалец Мигеул Пинто успешно го оперираше менискусот на десното колено и го чека пауза од ракометните терени.
Поради проблемите кои се појавија во подготвителниот период пред сезоната, беше решено оперативниот зафат да биде направен побрзо и истиот го изврши Д-р. Небојша Настов.
Се очекува Пинто да се врати на теренот за осум до десет седмици, кога би требало да дебитира за Вардар. Тоа значи дека странското засилување ќе го скокне стартот на сезоната и ќе пропушти цел прв дел, скоро 11 кола кои ќе се играат до почетокот на ноември кога е предвидено неговото враќање.
Пинто потпиша договор со Вардар до јуни 2026 година, а во Скопје пристигна од Агуаш Санташ од Португалија.
ФОТО: РК Вардар 1961/Денис Дуковски