Португалецот Дуарте ќе биде замената за Жалуз во Барселона

Португалскиот интернационалец и член на Висла Плок, Жилберто Дуарте од следната сезона ќе го носи дресот на најтрофејната ракометна екипа во Европа, Барселона. Дуарте ќе биде замена за тунискиот интернационалец Жалуз, кој ќе го напушти шампионот во АСОБАЛ лигата.

28-годишниот Дуарте е изданок на школата на Порто, а во Полска се пресели во 2016 година. За португалската репрезентација настапува од 2012 година. 

Дуарте ќе биде второто засилување на клубот од „Палау Блауграна“ по голманот на Флензбург, Данецот Кевин Мелер.