• Редакција Gol.mk

По долго трагање македонскиот вицешампион, Вардар 1961, го пронајде наследникот на Мартин Томовски на голот. Скопскиот клуб ги договори сите детали со Португалецот Мигуел Еспиња Фереира и се чека негово доаѓање во Скопје на потпис на договорот.
30-годишниот Фереира се истакна минатата сезона во АСОБАЛ лигата, каде го бранеше голот на Куенка. Сепак, по една сезона заминува во Шпанија и ќе брани во македонската Суперлига. Еспиња Фереира потекнува од школата на Бенфика, каде бранеше во текот на поголемиот дел од својата кариера. Повремено настапуваше и за португалската репрезентација.
Португалскиот голман ќе брани во тандем со Гогов и е осмо ново име ова лето. Вардарци досега потпишаа со Ларс Коиј, Марио Танкоски, Младен Крсманчиќ, Ашреф Маргели, Дмитро Хориха, Мигел Пинто и Томче Стојановски кои се појавија на првиот собир на Недановски.