Португалците приредија сензација и ја декласираа непрепознатливата Франција

Ракометната репрезентација на Португалија се наоѓа многу блиску до квалификација на Европското првенство во 2020 година, откако по три одиграни натпревари има три победи, Ако првите две беа очекувани, вечерва Португалците приредија чудо и го декласираа францускиот национален тим со 33-27 (17-13).

Португалците постојано водеа, на моменти и супер-убедливо, а кога во последните шест минути влегоа со 30-22, победникот беше јасен. Родригез со шест и Дуарте со пет погодоци беа најефикасни во победничкиот табор, а Ремили со седум погодоци беше единствена светла точка во таборот на Дидие Динар. 

  • Потег на натпреварот: 

Во оваа група првата победа ја запиша селекцијата на Романија, која ја совлада Литванија со 28-23.

В недела Франција ќе ја пречека Португалија и ќе има можност за реванш за убедливиот пораз вечерва. Селекцијата на Литванија првата победа ќе ја брка пред своите гледачи против Романија.