Порто победи за Кинтана, во атомски втор дел го скроти Елверум

Ракометарите на Порто ги освоија бодовите на натпреварот против Елверум со триумф од 31-38 (11-16), со што го освоија петтото место во групата А каде што играше и Вардар на сметка на ПИК Сегед. Првиот натпревар по смртта на голманот Алфредо Кинтана започна емотивно, со почит за поранешниот соиграч, а победата со сигурност ќе му биде посветена на голманот. 

Елверум парираше само во првиот дел од првото полувреме, но Порто лесно се одлепи и поведе со +5. По паузата стрелците се расположија и се разиграа, па Португалците стигнаа до убедливо славје против норвешкиот ривал. Иако Елверум се врати на минус два, со серија од 3-0 Порто го доби натпреварот. 

Македонскиот репрезентативец, Николче Митревски собра десет интервенции, а Фрис на спротивната страна 12. Кај стрелците, со по седум погодоци се истакна Итуриза, Родригез и Солштад. 

Порто во нокаут рундата ќе вкрсти со Алборг, додека Елверум оди во „пеколот“ против Барселона.