Порто пак одигра реми во ЛШ, ги подели бодовите со Киелце

Екипите на Порто и Киелце одиграа реми со 32-32 во дуелот од Лигата на шампионите, во групата во која игра и македонскиот и европски ракометен првак Вардар

Полскиот тим далеку подобро го отвори натпреварот и го зададе почетниот удар, кога стигна до највисоката предност на мечот од +4. Сепак, домаќинот во Португалија не се откажа и со мини-серии се врати, па на пауза замина со позитива од 19-17. Во вториот дел Порто ја диригираше играта и резултатот и се до финишот личеше дека ја има работата под контрола.

Во драматичен финиш каде двата тима можеа да победат, а Алекс Дујшебаев имаше шут за победа, ама изнуди одбрана од расположениот Кинтана и мечот заврши со реми. 

Репрезентативниот голман Никола Митревски беше стартер, ама не му тргна и беше заменет од Кинтана кој собра 14 интервенции. Најефикасен играч на натпреварот беше Мигел Соарес од Порто со седум реализации, додека кај Киелце Игор Карачиќ имаше пет. 

По репрезентативната пауза токму Киелце е следниот противник на Вардар, на меч кој е закажан за 19 ноември во СЦ „Јане Сандански“.