• Саше Љолес
Екипата на Порто не дозволи никакво изненадување пред своите гледачи и ја оправда фаворитската улога на натпреварот со Валур во Европската лига, славејќи со убедливи 37-29.
Иако Валур одигра храбро во првото полувреме и имаше минимална позитива на паузата (17-18), сепак португалскиот гигант во вторите триесет минути ги доведе нештата под своја контрола и на крајот заслужено ги впишаа бодовите. „Потопот“ на гостите започна во периодот околу 40. минута, Порто потоа имаше и највисоки +8, за на крајот да слави со конечни 37-28.
Најефикасен во победничкиот состав беше Рикардо Брандао со шест гола, додека на спротивната страна ист учинок имаше Тордардсон.
Флензбург го запечати првото место во групата Г со победата над Карвина (36-33), Монпелје без проблеми го надигра Гранолерс со 34-25, додека Тулуз славеше со 25-29 на гостувањето кај Хафнарфјордур.