Порто и Митревски немоќни со Киелце, ПИК Сегед изненади кај Кил

Полски Киелце го одбрани домашниот терен и убедливо славеше над португалски Порто (39-33) во чии редови настапува македонскиот голман Никола Митревски.

Во ефикасен дуел, избраниците на Талант Душебаев го освоија целиот плен. Порто имаше пристојна негатива во првиот дел, но во второто полувреме играта се распадна. Гудјонсон кај победникот постигна девет гола, Сичко додаде шест, а Душебајев и Турнат постигнаа по пет, додека кај Порто, Слишковиќ имаше седум, пред Салина со шест од шест.

ПИК Сегед направи изненадување и остана непоразен кај бундеслигашот Кил (32-32). „Зебрите“ беа без Сагосен и Вајнхолд на овој натпревар поради ковид-19, но и покрај тоа ремито може да се смета како голем неуспех затоа што Кил во еден момент водеше со седум гола (25-18).

Најдобар кај унгарскиот тим беше Шоштариќ со пет гола, пред Соареш, Гарсијандиа, Мацковшек со по четири гола, додека кај Кил, Пекелер имаше 8/8, пред Рајнкинд со пет реализации.

Елверум ја продолжи агонијата на ППД Загреб во Лигата на шампионите и славеше со 30-25 (15-10). Норвешкиот тим така ги остави „плинарите“ дваесетти натпревар без победа во елитата. Грондал, Јохансон и Хелдал стрелаа по пет пати кај победникот, а кај хрватскиот првак Вистороп даде четири гола.