Порто и Митревски немоќни против Веспрем, прва победа на ПСЖ во ЛШ

Екипите на ПСЖ и Веспрем не дозволија ново изненадување во првиот ден од второто коло во Лигата на шампионите и впишаа очекувани бодови во групата А од најквалитетното натпреварување на ЕХФ.

Португалскиот шампион лошите партии на стартот од новата сезона ги продолжи и во второто коло од европската елита. Иако на овој дуел ја имаше улогата на аутсајдер, ремито на нивниот претходен дуел влева надеж дека постoeше можност за ново изненадување. Но, моќниот Веспрем не го дозволи тоа и на доминантен начин ја потврди големата победа над ПСЖ во првото коло (28-35).

Сè беше решено на стартот од вториот дел, откако во првиот Порто колку-толку имаше одговор за налетите на унгарскиот вицешампион, но во продолжение остана без сили и Веспрем на погонот на Ненадиќ запиша убедлива победа од седум разлика.

Српскиот ас со осум гола беше најефикасен на средбата, кај Веспрем се истакнаа уште Штрлек, Лауге и Елисон со по четири гола, а за Порто шест гола постигна Турин. Солиден настап имаше нашиот репрезентативен голман, автор на осум интервенции.

Планирани бодови запиша и екипата на ПСЖ. Четата на Раул Гонзалез, по поразот од Веспрем во воведното коло, вечерва одиграа далеку поквалитетно против полскиот вицешампион Висла Плок и со 37-33 ја извојуваа првата овосезонска победа во Лигата на шампионите.

Никола Карабатиќ имаше свој ден и со седум гола беше прв стрелец кај парижани, додека на спротивната страна најпрцизен беше Косоротов со девет гола.