Порто и Холстебро се чекираа на Ф4 на ЕХФ Купот во Кил

Порто од Португалија и Холстебро од Данска се првите две екипи кои му се приклучија на германскиот Кил, кој е домаќин на завршниот турнир на ЕХФ Купот кон средината на мај. Порто донесе реми од Франција минатиот викенд, па извојува домашна победа од 34-30 против Сант Рафаел.

Ареја Родригез со осум гола без промашување и Мартинс Соарез со седум погодоци беа архитекти на големиот успех на Португалците, а репрезентативецот на Франција, Рафаел Сошето со десет гола беше најефикасен кај гостите со десет постигнати погодоци.

Татабања на унгарскиот селектор, Владан Матиќ, пред своите гледачи славеше против Холстебро со 26-23, но со оглед на тоа што Данците беа поубедливи на првиот натпревар, тие ќе играат во полуфиналето.

Црногорецот Вујовиќ со осум и Григорас со седум гола беа најефикасни кај Татабања, а Браминг со пет гола му помогна на Холстебро да ги елиминира Унгарците.

Утре се игра последното четвртфинале меѓу бундеслигашите Фуксе Берлин и Хановер, а домаќините се големи фаворити со оглед на убедливата гостинска победа минатата недела.