Портнер во плач после третата европска круна: Бог е голем, се надевам дека татко ми е горд! (ВИДЕО)

Голманот на германскиот Магдебург, Никола Портнер, не можеше да ги задржи емоциите по освоената трета европска титула и прсна во плач кога зборуваше за сите предизвици со кои се соочил во изминатиот период. 

Портнер третпат остана непоразен на завршните турнири во Лигата на шампионите, ги освои сите три финалиња, со што го изедначи рекордот на неговиот починат татко, Златко. 

„Бев изненаден како веднаш пронајдовме фокус по губењето на титулата во Бундеслигата. Знаевме дека го имаме овој викенд и дека ги имаме работите во наши раце. Знаевме дека сè е во наши раце и успеавме.

Бог го има и голем е. Да се освои една титула е неверојатно. а сега ова е трета титула. Се надевам дека татко ми, каде и да е, дека е горд.
Имав тешка година, бев немоќен што и да сторам. Седев дома и чекав позитивни вести. За 3-4 дена ќе бидеме свесни што направивме вечерва“, рече швајцарскиот репрезентативец.

Успехот на Портнер е навистина неверојатен. Првата титула ја освои со екипата на Монпеље од Франција, а потоа уште двапати со Магдебург, каде игра од 2022 година. 

ФОТО/PHOTO: Screenshot/Balkan-Handball.com