Портнер по стапките на својот татко, освои трета титула во Лигата на шампионите!

Голманот на Магдебург, Никола Портнер, оствари историски подвиг и стигна до третата европска титула во кариерата, со што го израмни остварувањето на неговиот татко, Никола . 

Швајцарскиот чувар на мрежата беше одличен на завршниот турнир во Келн и со неколку прекрасни интервенции ги мотивираше своите соиграчи кои остварија две победи и го освоија петтиот елитен трофеј за германскиот гигант. 

Портнер ја започна кариерата во тимот на Граухолц, а потоа бранеше уште за Берн, Кадетен Шафхаузен, Монпеље и Шамбери. Во Магдебург е од 2022 година и стана вистинска клупска икона.