Поразот од „фенерџијата“ Петковиќ го чинеше отказ, Фуксе Берлин доби нов тренер

По вчерашниот дебакл и поразот од „фенерџијата“ Нордхорн, управата на бундеслигашот Фуксе Берлин донесе радикални мерки и му врачи отказ на тренерот на екипата. Искусниот босански стручњак Велимир Петковиќ од денес не е повеќе предводник на „мечките“ од Берлин.

Новата екипа на Даинис Криштопанс и тимот во кој настапуваат Милосављев и Марсениќ загуби два натпревари од екипите од дното и отказот беше неминовен. Михаел Рот ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а потоа на негово место ќе дојде тренерот на Есен, Јарон Сиверт.

Фуксе Берлин е еден од фаворитите во ЕХФ Купот, а и завршницата на натпреварувањето ќе се одржи во Берлин. Во Бундеслигата екипата на Фуксе Берлин е четвртопласирана со 32 бода, а в сабота „мечките“ гостуваат кај Бергишер