Поразот од Еурофарм кобен за Нексе: Хановер си поигра со „громовите“ и слави четвртфинале!  

Ракометарите на Нексе Нашице им приредија ново разочарување на своите фанови, откако изненадувачки не успеаја да ја минат групната фаза во ЕХФ Купот. 

Хрватскиот претставник си направи од готово-вересија, бидејќи до пред две кола беше лидер во групата Б и му беше потребен само бод за четвртфинале, но до него не стигна, бидејќи најпрво загуби од Татабања пред своите гледачи, а вечерва беше тотално надигран на гости кај Хановер со 32-22.

Исто така, Нексе сигурно жали и за поразот во Битола од Еурофарм Работник пред скоро еден месец, од каде и ја започна црната серија која на крај го чинеше елиминација. 

На другата страна пат, Хановер тргна бавно во овој Куп, во првото коло против Еурофарм едвај стигна до победа, а потоа забележа два порази во низа и одигра едно реми, но како и секогаш, Германците никогаш не се откажуваат и во клучните натпревари, најпрво славеа во Битола, а вечерва пласманот во елиминационата фаза го потврдија со доминантна игра и победа од десет гола разлика.

Што се однесува до вечерашниот меч, избраниците на Ортега уште од самиот старт наметнаа темпо на игра кое беше недостижно за Нексе, а најзаслужни за тоа се крилата Кастенинг и Угалде, кои речиси беа непогрешливи и заедно двата постигнаа 18 гола. На полувреме се замина со предност на Хановер од 14-9, а во вториот дел наместо Нексе да тргне во офанзива и да се обиде да се врати во игра, влегуваше од грешки во грашки кои на крај соодветно беа казнети од искусните Германци.

Најдобар поединец во редовите на Хановер беше Кастенинг со 10 гола од 13 обиди, додека Угалде, идентично како и во Битола, не промаши ниту еднаш и зад своето име запиша осум погодоци. Кај Нексе, Беришиќ запиша пет гола, а Јагањац додаде уште три.

  • Одбраните на Цимер: 

Покрај Хановер, од оваа група патник во четвртфиналето е и тимот на Татабања, кој в недела од 15:00 часот го игра последниот дуел против нашиот Еурофарм Работник.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2